Во последните 24 часа се направени 2.598 тестирања, а регистрирани се 123 нови случаи на Ковид-19, од кои од Битола се 9, информираат од министерството за здравство.
Регистрирани се 3.803 оздравени пациенти од Битола се 180. Овие лица во периодот 01.01-31.03.2021 не се пријавени досега како оздравени до ИЈЗ, а кај кои се поминати 20 дена од позитивен резултат.
До сега во Битола има 6.257 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 446 случаи.
Во последните 24 часа во регионалниот Ковид центар во Битола бил примен еден нов пациент на лекување, а биле испишани 8 пациенти, а вкупната бројка на пациенти е 41.
Пријавени се вкупно 17 починати лица, 2 починати од Битола на возраст од 62 и 94 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 52 и преку “Плодност“ 26 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 748.069 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.494, бројката на оздравени пациенти е 143.069, на починати е 5.168, а бројот на активни случаи изнесува 6.257.






