Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на КОВИД-19, а само 1 позитивен од Битола.
Регистрирани се 359 оздравени пациенти од кои од Битола се 26.
Во Битола до сега има 6.258 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 419 случаи.
Утрово вкупниот број на хоспитализирани пациенти во Ковид центарот во Битола е 33.
Пријавени се вкупно 16 починати лица, 2 од Битола на возраст од 65 и 82 година.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 51, и преку “Плодност“ 56 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 749.727 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.524, бројката на оздравени пациенти е 143.427, на починати е 5.184, а бројот на активни случаи изнесува 5.913.






