Денес, сабота, 15 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 17 степени.
Утре, недела, 16 мај, во Битола, времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност. Во западните подрачја ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 17 степени.






