Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Битола се 3.
Регистрирани се 245 оздравени пациенти од кои од Битола се 17.
До сега во Битола има 6.268 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 243 случаи.
Денес во Битола има вкупно хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.
Пријавени се вкупно 14 починати лица од кои едно лице е од Битола на возраст од 68 години.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 95 и преку “Плодност“ 48 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 756.480 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.698, бројката на оздравени пациенти е 145.851, на починати е 5.211, а бројот на активни случаи изнесува 3.636.