Според податоците од министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на КОВИД-19, а во Битола вчера не се правеа ковид-тестови.
Регистрирани се 192 оздравени пациенти од кои од Битола се 11.
Во Ковид центарот во Битола во изминатите 24 немаше ново примени пациенти за лекување, а утрово вкупната бројка на хоспитализирани во регионалниот ковид центар е 31 пациент.
Во Битола до сега има 6.268 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 232 случаи.
Пријавени се вкупно 19 починати лица, а нема од Битола.
Направени се преку “Плоднос“ 3 ковид тестови, а во ЦЈЗ Битола вчера не се правеа тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 757.794 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.725, бројката на оздравени пациенти е 146.043, на починати е 5.230, а бројот на активни случаи изнесува 3.452.






