Денес, вторник, 18 мај, во Битола, според прогнозата на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде во утринските и претпладневните часови променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 24 степени.
Утре, среда, 19 мај, во Битола, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата во Битола до 26 степени.






