Press "Enter" to skip to content

УКЛО во рамките на соработката со деловната заедница, одржа состанок со менаџеркиот тим на “БиМилк“

Дека Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола не застанува во унапредувањето и воспоставување на нови соработки со деловната заедница, потврда е и денешниот состанок во проширен состав кој се одржа со менаџерсиот тим на “БИМИЛК“ , реномирана компанија од млекопреработувачката индустрија од Битола.

Имено на иницијатива на проректорот проф. д-р Марјан Ѓуровски, а во организација на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, денес се одржа onlin состанок со генералниот менаџер на БИМИЛК, Ѓорги Петрушев и дел од неговите соработници, од една страна, како и деканите и продеканите на Факултетот за биотехнички науки, Технолошко-техничкиот факултет и Ветеринарниот факултет при УКЛО од друга страна.После воведниот збор од страна на проректорот Ѓуровски, се отвори длабока и плодотворна дискусија од која произлегоа низа заклучоци за воспоставување на меѓусебна соработка и искористување на капацитетите на двете институции во насока на создавање на подобри резултати.

Ваквите активности ќе се операционализираат во најскоро време преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење.

Заеднички беше констатирано дека, ваков сличен состанок во проширен состав ќе се организира со комората за земјоделство и преработувачка индустрија на која пред поширокиот аудиториум на компании од прехранбената и преработувачката
индустријакои би се презентирале можностите за заедничка апликативна соработка и истражување, кои ги нуди Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола и единиците во негов состав.

More from ВестиMore posts in Вести »