Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 4 нови позитивни на ковид-19 од 128 тестирани, оздравени 10, хоспитализирани 28

Во последните 24 часа се направени 2.953 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, од кои од Битола се 4.

Регистрирани се 197 оздравени пациенти од кои од Битола се 10.

Во Битола до сега има 6.275 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 208 случаи.

Бројот на хоспитализирани пациенти на инфективното одделение во Битола е 28. 

Пријавени се вкупно 17 починати лица, нема од Битола.

Направени се преку ЦЈЗ Битола 81 и преку “Плодност“ 47 ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 763.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.891, бројката на оздравени пациенти е 146.499, на починати е 5.249, а бројот на активни случаи изнесува 3.143.

More from ВестиMore posts in Вести »