Денес, четврток, 20 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со слаб до умерен дожд. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Температурата во Битола до 22 степени.
Утре, петок, 21 мај, во Битола времето ќе биде претпладне променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Температурата во Битола до 22 степени.






