Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион со седиште во Битола, во винарија “Чифлик“ во Битола организира предавање на тема “Справување и препораки во случај на
елемнетарни непогоди, земјотрес, поплава и свлечишта.
Директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче, го отвори настанот и рече дека ова предавање е во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“, финансиран преку Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020.
-Ме радува тоа што по една година работа и состаноци на Зум, сега сме сите заедно на отворено, секако со почитување на сите препора за заштита од ковид. Иако ова е последен настан од овој проект, од кој во понелделикот имавме теренска вежба, а претходно ја предадовме цистерната на ЈП “Водовод“ нема да прекинема со соработка, туку продолжува со нов проект кој веќе е одобрен, нагласи Видимче.
Говорници на предавањето беа експерти од областа на превенција и заштита од поплави, свлечишта и земјотреси Проф. д-р Милорад Јовановски и Вон. проф. Д-р Александра Богдановиќ а истото имаше за цел да ја информира јавноста за истражувањата на состојбите, како и начините за справување на засегнатите страни и институции во случај на било која од споменатите елементарни непогоди.
На предавањето учество зедоа претставници на засегнати институции и организации од регионот кои работат на темата за заштита и превенција од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор.






