Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја БИТОЛА СТАРТ-АП е твоето место. Започни нешто свое и докажи дека И од Битола се може(и). Вака, во февруари ПРЕДА плус фондацијата го најави почетокот на отворениот повик за аплицирање со бизнис идеи на БИТОЛА СТАРТ-АП ЦЕНТАР кој на нозе ќе исправи многу идеи кои ќе станат реални бизниси во Битола.
Во просториите на Битола старт-ап центарот се одржа ДЕМО ДЕНОТ – официјалниот завршен настан на четвртата генерација од програмата •И од Битола се може(и)• кој е круна на двомесечната интензивна работа со селектираните апликанти и почеток на уште нови 10 успешни старт-ап приказни во овој регион.
Во серија од 5 минутни презентации, пред публиката, судиите од комисијата и преку лајфстрим, 10 селектирани апликанти го дадоа својот максимум. Низ оваа пограма , нешто повеќе од 20 тима поминаа низ неколку недели на интензивна работа со помош ментори и тренери. Или преточено во броеви: 200 часа менторство, 36 часа тренинзи, 100 часа заеднички сесии и онлајн предавања на zoom платформата што носи до 336 часа вкупно менторство и подршка за овие стратапи.
-Иако скоро целата програма беше онлајн, енергијата и посветеноста беше одлична и иако беше период на физичко дистанцирање и се создаде голема блискост меѓу нашите учесници кои низ целиот овој период безусловно си помагаа, се подржуваа и соработуваа меѓусебно. Горди сме да кажеме дека ова се нашите нови ѕвезди на македонското старт-ап небо, истакна Лидија Ангелкова координаторка на проектот.
Најдобрите 4 старт-ап идеи добија по 185.000 денари грант, а евалуацијата ја правеше тим од судии во состав: Катерина Трајковска-финансиски менаџер на ПРЕДА Плус Фондација Никола Јошевски-генерален директор на ФД “СН финансии” Димче Поповски сопственик на ДАКА Холдинг.
Еве ги наградените старт-ап проекти: БАК пивара – прва крафт пиварница во Битола на апликантот Марјан Бакревски, NOMAD creative studio – проект позади кој стои Ана Секуловска, CONSULATE home philosophy – на Маја Настеска и Зорица Каранфиловска, АПЕТИТКО свет на вкусовите – бизнис идеја на Зоран Видановиќ.
-Во секоја голема криза, како што е оваа глобалната здравствена криза со Covid-19 која предизвика и очекувана економска криза, може да биде и период за огромни шанси. Ова особено важи за земји, кои што побргу ќе го фатат чекорот со развиениот свет преку засилена дигитализација и уште позабрзан развој на стартап- сцената. А изминатата година и тоа како не префрли во онлајн светот. Со оглед на квалитетот на бизнис – идеите што се презентираа денес, уверенa сум дека актуелната криза е огромна шанса за голем број македонски стартап – тимови. Светот допрва ќе слушне за нив, изјави Наташа Симјановска проектен координатор на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.
Програмата се реализира во рамките на Битола старт-ап како дел од Локално партнерство за вработување (ЛПВ) Битола финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот и ЕУ.






