Press "Enter" to skip to content

КК Јуниор и “Св. Климент Охридски“ домаќини на кошаркарсакта федерација во Битола (фото)

Кошаркарскиот клуб Јуниор Баскет и ОУ “Св. Климент Охридски“ од Битола беа домаќини на претставници од Кошаркарската федерација на Македонија.Во рамките на средбата која се одржа во Училиштети се потпиша меморандум за соработка со што тие се дел од проектот “Her world,her rules“ кој има за цел промоција на женската кошарка низ целиот свет.Младите кошаркарки од Јуниор Баскет, како и учениците на ОУ “Св. Климент Охридски“ се дружеа со тренери на нашата репрезентација како и нашите репрезентативки Едина Муса и Елена Тасевска, единствена битолчанка, сега член на сениорската репрезентација на Македонија.Прекрасен проект кој ќе трае наредните четири години, за кое време се надеваат дека ќе има голем број на нови средби, дружења и нови проекти.

More from ВестиMore posts in Вести »