Press "Enter" to skip to content

Славјански организира едукативен вебинар “Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“ со 250 слушатели (фото)

Реализаторите на вебинарот беа доц. д-р Горица Поповска Налевска и м-р Марина Кузмановска од факултетот за психологија при МСУ, а гости беа Жанета Ристевска, психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола и родителите Светлана Босилкова и Борка Арсов.

Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола креира Платформа за психолошка поддршка и превенција која можат да ја користат сите граѓани https://psiholoshkapoddrshka.msu.edu.mk/ На оваа платформата во текот на месец мај се одржаа серија бесплатни едукативни вебинари на стручни теми од психологијата, забавни настани, но и индивидуална поддршка со лиценцирани психолози. Со оглед на стресната ситуација предизвикана од ковид-19, во која веќе подолго време  им се пружи поддрка и  помош на оние на кои им е најпотребна. Деновиве се реализира едукативен вебинар “Предизвици во образованието и родителството на надареното дете“ кој пресизвика голем интерес и на крајот плодотворна дискусија. На вебинарот на zoom се вклучија околу 240 слушатели.

Ако  се тргне од фактот дека и семејството и училиштето имаат една основна заедничка цел, а таа е правилен развој, воспитание и позитивна стимулација на младата личност, тогаш нејзиното успешно реализирање е незамисливо без континуирана и успешно организирана меѓусебна соработка истакнаа реализаторите на вебинарот доц. д-р Горица Поповска Налевска и м-р Марина Кузмановска од факултетот за психологија при МСУ.Гости на настанот беа Жанета Ристевска, психолог во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Битола која ги сподели своите практични искуства во работа со талентирани и надарени ученици и дел од проектните активности кои ги организира во училиштето во кое работи и родителите Светлана Босилкова и Борка Арсов, кои ги споделија своите искуства во однос на предизвиците во родителството на нивните надарени деца.

Во своето излагање доц.д-р Горица Поповска Налевска се осврна на клучните предизвици во образованието на надарените ученици и тоа:-Потребата од рано препознавање и  идентификација на надарените деца, Асинхроничниот развој што подразбира нерамномерен развој на главните димензии на личноста на надарените како што се: когниција, емоции, физичкиот и социјалниот развој, осврнувајќи се на надминување на социо-емоциолналните потешкотии кои може да ги манифестираат надарените ученици и Формите на едукација и улогите на наставникот во работа со надарени ученици. „Успехот за развојот на надареноста и креативноста е заснован врз концептот на отворената настава, која подразбира максимално активирање на ученикот во самодетерминираното учење, индивидуална диференцијација, кооперативна работа, учење по пат на откривање и проективно ориентирано учење“.

М-р Марина Кузмановска во своето излагање истакна дека еден од главните фактори за одредување на развојот на детските способности е семејството, кој пред се представува главен столб во градењето на здрава психо-физичка личност.-Во семејството се поставуваат основните темели на емоционалниот и когнитивниот развој, семејството ја детерминира ориентацијата на детето кон иднината, кон поставувањето цели, кон усвојување и градење вредности и кон создавање однос кон традицијата. Делувајќи образовно, семејството учествува во изградувањето на идентитетот на детето, на неговата самопроценка и чуството за компетентност. Во периодот на развој на создавањето на способностите, родителите имаат голема одговорност да создадат поволна околина за учење  која ќе има големо значење и поттикнување на мотивацијата, емоционална топлина и стекнување на самодоверба, позитивни ставови кон учењето, образованието и знаењето, интерес за успехот на детето (го следат развојот и резултатите, покажуваат почитување за трудот и успехот на детето, го охрабуваат, корегираат, нудат помош), примена на јасни методи на дисциплинирање.

Да се препознае надареноста кај детето и да се насочи правилно за да ги развие и искористи максимално своите способности е предизвик на кој наидуваат практичарите на воспитно-образовната работа во училиштата, но и родителите.

More from ВестиMore posts in Вести »