АД ЕСМ и РЕК “Битола“, преку своите синдикални организации, донираа машина за чистење на под и средства за хигиена и дезинфекција на Здравствениот дом “Д-р Хаим Абраванел“ во Битола. Додека трае масовната имунизација на населението од ковид-19, машината ќе се користи за чистење на подот во спортската сала во Средното медицинско училиште во Битола каде е сместен Регионалниот Вакцинален пункт.
-Денеска АД ЕСМ, РЕК Битола и нашите синдикални организации уште еднаш ја покажуваат општествената одговорност со уште една донација Oвојпат тоа е машина за чистење подови и средства за дефинфекција и хигиена на Здравствениот дом од Битола и Вакциналниот пункт сместен во салата на Медицинското училиште. Со тоа ќе се подобри хигиената и пристапот за сите граѓани кои тука ќе ја примат вакцината против Ковид 19, рече генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.
Синдикалните организации на АД ЕСМ и РЕК “Битола“ во Вакциналниот пункт во Битола минатата недела донираа и 13.000 шишиња со вода за пиење.






