Денес, среда, 26 мај, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот можно нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 29 степени. УВ=8
Утре, четврток, 27 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, локално и во форма на невреме. Температурата во Битола до 29 степени. УВ=7






