Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола, кошарка, ракомет, изложба и два протести

Денес во Битола ќе се одиграат два натпревари во рамките на завршницата на првенствата во кошарка и ракомет.

Во 16 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ ќе се одигра првиот натпревар од полуфиналето на кошаркарскиот плеј-оф, а како домаќини кошаркарите на Пелистер го пречекуваат МЗТ СКопје, во борба за финале.

Само по три часа во 19 часот исто во “Боро Чурлевски“ ќе се одигра натпревар од ракометниот плеј-оф, а Еурофарм Пелистер ќе ја пречека екипата на Металург, која ја водо нашиот сограѓанин Иве Марковки.

Свеченото отворање на 46-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ќе се одржи на 26 мај 2021 година со почеток во 12 часот во НУ Центар за култура – Битола.

За 18 часот се закажани два протести. Едниот протест започнува со 18 часот, пред офицерскиот дом, со движење по Широк Сокак и завршува пред Основниот суд во Битола, а ќе биде против казнувањето на верниците од “Св. Недела“, кои учествуваа во фаќањето на Светиот крст.

Исто со почеток во 18 часот ќе се одржат граѓански и родителски мирни протести во организација иницијативата “Учебници и настава мора да има“.

 
More from ВестиMore posts in Вести »