Press "Enter" to skip to content

Денес саем на кариера во организација на МКЦ Битола

Точно напладне во Пациото на Завод и Музеј во Битола , на мал саем ќе се претстават 22 компании кои во моментот имаат отворени, вкупно 200 работни позиции. Ова е шанса за младите личности кои се во потрага по работа, без досегашно искуство или пак им е потребна дообука, подобро да се запознаат, да се информираат и да го направат првиот чекор кон нивното вработување.

Саемот за кариера е наменет да информира, мотивира и едуцира невработени лица од општина Битола да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании кои нудат слободни работни места.

Саемот за кариера ја поврзува бизнис заедницата. Другиот аспект на овој настан е мотивирање на младите да останат во својот роден град, да започнат свој сопствен бизнис и/или да се вклучат во едукативни програми и да работат на сопствениот кариерен раст и развој.

-После 10 месеци низа онлајн саеми за вработување кои беа од една страна соодветни само за ИТ ориентираните струки, а од друга страна го носеа бремето на технички проблеми и потешкотии во реализацијата се охрабривме да го реализираме овој Саем за кариера во живо. Убедени сме дака ваков настан сега е повеќе од било кога потребен и тоа токму во ваква форма, истакна Маја Ангеловска програмска менаџерка во МКЦ Битола.

Саемот за кариера е дел од Проектот Битола Стартап центар – Локални партнерства за вработување е финансиран преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

More from ВестиMore posts in Вести »