Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: одземен паричник, оштетено возило, физички напад, контроли на возила за јавен превоз

На 27.05.2021 во СВР Битола, Д.З. (60) од Битола пријавил дека непознат сторител на 23.05.2021 му го одзел паричникот од неговото патничко возило „фиат“ и од дебитната картичка во три наврати подигнал вкупно 15.000 денари. Се преземаат меки за расчистување на случајот.

На 27.05.2021 во СВР Битола, Г.Т.(52) од Битола пријавил дека непознат сторител со остар предмет ги оштетил гумите на неговото патничко возило „хјундаи”, а била оштетена и хаубата и предниот браник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.05.2021 во СВР Битола, З.С. (42) од село Кравари, битолско, пријавил дека околу 19.30 часот, по претходна рсправија бил физички нападнат. Се преземаат меки за расчистување на случајот.

На 27.05.2021 во периодот од 07.00 до 12.00 часот на подрачјето на СВР Битола била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, биле преземени седум мерки, а биле откриени и 17 други видови прекршоци. За сите неправилности издадени се соодветни поднесоци.

More from ВестиMore posts in Вести »