Во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19, како и регистриран е 81 оздравен пациент. Во денешната статистика нема нови позитивни лица од Битола, но нема ниту оздравени пациенти.
Досега во Битола има 6.290 лица кои биле или позитивни на ковид-19, а активни се 169 случаи.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 73 и преку “Плодност“ 62 ковид тестови.
Пријавени се вкупно 18 починати лица, а од нив 2 лица се од Битола на возраст од 84 и 88 години.
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449






