Press "Enter" to skip to content

На иницијатива на противпожарно друштво “Архангел“ собрани 5 тони отпад кај чешмата кај Ѓавато (фото)

Вчера на иницијатива на доброволното противпожарно друштво “Архангел“ од Битола со поддршка од ЈУ Национален парк “Пелистер“, ЈКП “Комуналец“ од Битола, Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта “Македонија Пат“ Р. Е Битола, “Миг Травел“ “СН сервис“, и со вклучување на ПСК „7-ми МАЈ“ од  Битола, останати граѓани и организации се изведе еко-акција на местото “Чешмите“ кај Ѓавато.На акцијата учествуваа околу 40 учесници кои во периодот од 8 до 16 часот успеаја да соберат околу 5 тони отпад и 4 камиони гранки и друга дрвна маса.Инаку ова е местото кое претставува една позната точка за одмор на сите битолчани како и голем број на граѓани кои поминувајки по патот Битола -Ресен не го одминале, а да не земат почивка.Целта на оваа акција, покрај самото чистење на пределот на ова место е и подигнување на јавната свест за зачувување на природната средина, како и за зголемување на нивото на безбедност, со оглед на тоа што отпадот може да е причина и за пожари.-Голема благодарност до сите кои се одзваа на повикот и допринесоја акцијата да биде успешна а со тоа ја покажаја својата општествена одговорност, се надеваме дека ова нема да биде последна акција со надеж на поголема иницијатива, поддршка и сплотеност до помасовни акции, рекоа од доброволното противпожарно друштво “Архангел“.

More from ВестиMore posts in Вести »