Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ со акција за корекција на работењето на Општина Битола

Со информативни табли на неколку локации низ битолските улици, во името на граѓаните побараа информации за проектите за реконструкција на улици. Имено, согласно Законот за градење на секое градилиште, пред отпочнување со градежни активности задолжително треба да се постави информативна табла која ќе содржи информации за тоа кој е инвеститор и изведувач, како и за рокот за изведба на проектот и вредноста на истиот. 

-Ние како “Поинаку“, поттикнати од реакциите и поплаките на граѓаните и стопанствениците кои стигнуваат до нас, решивме на ваков начин да ја потсетиме власта и градоначалничката на законската обврска која ја имаат пред граѓаните со чии пари располагаат. Граѓаните велат дека убаво е кога нешто се прави, но и дека сакаат да гледаат работа во континуитет, а не само на неколку месеци пред избори, велат од “Поинаку“.

More from ВестиMore posts in Вести »