На последниот состанок на Ротари клубот Битола, од името на клубот, претседателот Никола Главинче на проф. д-р Игор Неделковски, поранешен претседател на Ротари клубот Битола му беше врачена значката „ПОЛ ХАРИС“, именувана по основачот на ротаријанството.
Ова ротаријанско признание на Неделковски му се додели со одлука на клубот, по извршена донација во Ротари фондацијата на истакнати членови, како израз на благодарност за посветеност и постојана ангажираност во клубот.
Претходно на состанок на Ротари клубот Битола, на новиот член проф. Зоран Маневски му беше врачена значката на “Ротари Интернационал“, со што се означи почетокот на неговото членство.






