Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за напад на полицаец, украдено од џамија повеќе од тон и пол олови, од млекара бакарни цевки

На 01.06.2021 во 00.40 часот на ул.„Атанас Трпчевски Тасе“ во Битола, полициски служебници од СВР Битола лишиле од слобода  27 годишник од Битола затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бида поднесени соодветни пријави.

На 31.05.2021 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 29.05 до 31.05 на непознат сторител извршил тешка кражба во џамија на ул.„Рајко Жинзифов“ во Битола. Според пријавеното, сторителот со употреба на сила и подесен предмет влегол во дворот и одзел 39 парчиња ролни од олово со 40 кг тежина на една ролна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2021 во СВР Битола било пријавено дека непознат сторител влегол во млекара на ул. „Кирил Вангелов Македонски“ во Битола и одзел пет бакарни цевки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »