На радост на најмалите жители на населбата “Ушици“ во Битола, во маалскиот парк се поставени нови дестки играчки, на местото на старите од страна на јавното претријатие “Комуналец“ од Битола и сега заедно со старите има мал детски парк.
Во попладневните часови, кога децата се вратени од градинка или завршува “он-лајн“ за “качување“ до куќичката се чека ред, а потоа како ни рекоа се “шишнува“ по новата лизгалка, која е поубава од старата која е извадена, а се надеваат и на нови дестки содржини.






