По иницијатива на Ротари клубот Битола, а во соработка со Националниот парк Пелистер од Битола, во месноста кај Ротинското езеро се поставени пет клупи и две маси за вљубениците во природата и честите посетители на овој живописен дел од нашата непосредна околина.
-Реализацијата на овој проект е во рамки на една од целите за оваа ротаријанска година, а тоа е грижа за животната средина. Ротари клубот Битола и Националниот парк Пелистер помогнаа во оплеменување на овој дел од падините на Баба планина кој се почесто е посетуван од битолчани.
Заедничките активности ќе продолжат и во иднина, а до граѓаните се апелира посебно да бидат грижливи за заштитата на животната средина и да внимаваат на хигиената во овој дел, вели Никола Главинче, претседател на Ротари клубот Битола, кој додаде:
-Ротари клубот Битола изразува благодараност до директорот и вработените во НП Пелистер за соработката и брзата реализација на оваа активност.

Ротари клубот “Битола“ во соработка со НП “Пелистер поставија клупи и маси околу Ротинско езеро (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





