Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес изврши увид на активности на Тумбе кафе, кои ова лето комплетно ќе ја променат повеќедецениската лоша состојба на патеката по која секојдневно минуваат голем број битолчани за спортски или рекреативни цели.
Согласно предвидените рокови за реализација и динамиката на изведба, патеката ќе добие нов коловоз најдоцна до крајот на идниот месец. Граѓаните кои рекреираа или се одмораа под сенките на Тумбе кафе со голема радост го поздравија овој проект, потврдувајќи ја неговата неопходност и значење за сите граѓани.
Градежните активности за реконструкција на пешачката патека на Тумбе кафе се реализираат во должина од 538 метри со вкупна вредност на инвестицијата на Општина Битола од 5 304 304 денари.

Општина Битола: за еден месец комплетна реконструкција на асфалтната патека до Тумбекафе
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





