Екипите на ЈКП “Водовод“ Битола веќе 18 часа работат на изнаоѓање дефектот на главната водоводна мрежа F150, на потегот од кружниот тек на влезот кон градот до детската градинка “Пролет“ во Битола.
-Дефектот може лесно да се санира, но тешко е да се пронајде. Ситуацијата е комплексна бидејќи водата која истекува се влева директно во канализационата мрежа. ЈКП “Водовод“ од Битола им се извинува на граѓаните поради долгиот прекин во водоснабдувањето, а екипите ќе останат на терен се до изнаоѓањето и санирањето на дефектот, се вели во соопштенито на ЈКП “Водовод“ од Битола.

ЈКП “Водовод“: екипи на претријатието работат на изнаоѓање на дефектот на “Прилепска“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





