Битолчани и гостите во нашиот град кој денеска на пладне се најдоа на Широк Сокак имаа прилика да го гледаат музичкиот перформанс, насловен “Танцувај без предрасуди“ во организација на центарот “Анастасија“.
-Ова е перформанс кој го одржуваме под наша организација веќе по четврти пат во Битола, на Широк Сокак. Овој сценско – музички настан го организираме во повод интернационалниот ден на танцот, а веќе е традиција. Целта е Битола да танцува и да се подигне свеста за самиот танц. На овој перформанс учество зедоа учениците од основните училишта од Битола, како и школите за танц кои работат во Битола, ни рече Стефанија, од центарот “Анастасија“.
По завршувањето на перформансот кој се одржа пред нивните простории на Широк Сокак бр. 61, членовите на “Анастасија“ танцот го продолжија по цел Широк Сокак, танцувајќи и делејќи промотивен материјал со мото “IT’S ALL ABOUT DANCE“, а сето тоа проследено со аплаузи од сите кои денес беа на главната битолска улица.

“Танцувај без предрасуди“ на Широк Сокак, перформанс на центарот “Анастасија“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Од млада музичка надеж до пијано спектакл: Андријана Арлен се враќа во Македонија со „Сребрена ноќ“
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“





