Press "Enter" to skip to content

По триесетина прекопи пронајден дефектот, граѓаните од “Прилепска“ за три часа ќе добијат вода (фото)

Три екипи на ЈКП “Водовод“ од Битола, со вкупно 18 вработени утрово по ископани 30-тина прекопи го најдоа дефектот на цевката Ф150, на улицата “Прилепска“ во Битола и граѓаните кои подолго време немаа вода, за три часа ќе имаат редовно водоснабдување, рече директорот Горан Козаров, на средбата со новинарите.Дефектот беше забележан од вработените во “Водовод“ во четвтокот, за што Козаров вели:-Прво сакам да им се извинам на граѓаните за тоа што имаше прекин во снабдувањето со вода од кружниот тек кај Дулието до градинката “Пролет“, бидејќи ги оставивме без вода повеќе од 30 часа, но не по вина на “Водовод“. Вакви дефекти се многу ретко, но ете се  случи. Овие дефекти се специфични бидејќи не можат да се откријат, тука цевките се поставен на три метри длабочина. Кога се случи дефектот, околу 50 литри вода во секунда истекуваше, а тоа беше регистрирано преку “Скада“ системот, а започна и имаше енормно брзо празнење на резервоарите со вода и се започна со наоѓање на дефектот. Специфиноста е поради тоа што преку понирање на на водата во земјата, а потоа преку стар канализационен систем во канализацијата. Немаше поплава на улицата, визбите или на друго местои затоа толаку долго се детектираше.-Екипи на “Водовод“ направија околу 3о прекопи додека се  најде дефектот и сега веќе се работи на поправка на водоводната мрежа, а граѓаните од овој дел за околу три часа ќе имаат вода. Сакам да ја пофалам професионалноста на вработените во “Водовод“ кои еве од четвртокот наутро од 7 часот се на терен, а се работеше и во текот на ноќта, како денес до 4 часот, додава Козаров.За време додека имаше прекин во водоснабдувањето граѓаните имаа питка вода од цистерната кој беше 24 часа на располагање. 

More from ВестиMore posts in Вести »