Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19, а од нив нема нови позитивни од Битола.
Регистрирани се 72 оздравени пациенти од кои од Битола се 5 лица.
Со денешните бројки во Битола има 6.304 позитивни на ковид-19, а сктивни се 10 случаи.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 75 и преку “Плодност“ 92 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.






