Денес во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола потпишан е Меморандум за соработка со Комората на РСМ за приватно обезбедување. Потписниците, ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и претседателот на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска нагласија дека Меморандумот е во функција на воспоставување на поинтензивна соработка.
На Официјализирањето на соработката меѓу УКЛО и Комората на РСМ за приватно обезбедување присуствуваа и проректприте на Универзитетот: проф. д-р Гордана Трајковска, проф. д-р Љупче Кочоски и проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Пеце Николовски и повеќе членови од Комората.
-Длабоко сум убедена дека со потпишување на меморандумот за соработка со Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе отпочнеме плодна соработка меѓу приватниот безбедносен сектор и универзитетските единици, особено со Економскиот, Правниот, Факултетот за туризам и угостителство, но и ќе ја продлабочиме успешната соработка со Факултетот за безбедност и секако и со другите единици, со сите нивни научно – истражувачки потенцијали, стручни и едукативни активности, преку трансфер на знаења и практики, се разбира во насока на унапредување на дејноста приватно обезбедување. Што е најважно, силно верувам дека со денешното потпишување на Меморандумот за соработка многу поуспешно ќе ја следиме безбедносната динамика, современите безбедносни закани, но и економски предизвици кои во услови на актуелната здравствена криза силно се чувствуваат во сите сфери на живеење во нашето општество, истакна претседателот на Комората, м-р Верица Милеска Стефановска.
Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски од име на Универзитетот истакна:
-Потпишувањето на Меморандумот отвора ново поглавје во заедничката соработка. Интензивните контакти со Факултетот за безбедност претставуваа иницијален елемент за воспставување соработка, а иднината е во глобалната соработка. Низ таква перспектива, целиот наш потенцијал ќе биде на располагање и на Комората и секако, вашиот потенцијал ќе биде достапен и за нашиот Универзитет, бидејќи синергијата меѓу Универзитетот и бизнисот не е еднонасочна. Нашата визија е дека она образование коешто се остварува кај нас е образование дизајнирано од вас и од нас. Особено при обуки и проекти во кои влегуваме како партнери. Целосно се посветуваме заеднички да делуваме и да бидеме партнери, а нашите студенти да го видат бенефитот и да бидат дел од вашите развојни планови.
Покрај размена на научни и стручни мислења од областа на приватното обезбедување со договорот се овозможува унапредување во образованието и оспособувањето на кадри од областа на приватното обезбедување. УКЛО преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење со Комората ќе подготовува заеднички програми за научно-стручно оспособување и усовршување на кадрите од областа на приватнотот обезбедување, како и учество во заеднички проекти, анализи и проценки во областа на приватното обезбедување.
За Комората озваничувањето на соработката со УКЛО како важен дел од академската и научна јавност има дополнително значење и своевидна симболика, бидејќи се остварува на 21 годишнина од постоењето и работата на оваа установа што е непосреден учесник во градењето поволен безбедноен амбиент во нашата држава.

УКЛО и Комората за приватно обезбедување потпишаа Меморандум за соработка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Злато за Леа Бошеска и Сара Стојановска, бронза за Леона Алиловска во кик-бокс на “Трофеј на Белград“
- Општина Битола петта година по ред го организира Буџетскиот форум за креирањето на Буџетот, овој пат за 2027
- Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 19 степени
- Пелистер поразен од Работнички откако имаше +14, по неизвесна завршница во Битола (фотогалерија)





