Press "Enter" to skip to content

И денес без нови позитивни на ковид-19, оздравени 2 лица, хоспитализирани 3 и 8 активни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на ковид-19, и тоа сите тројца пациенти се од Скопје.

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од кои од  Битола се 2.

До сега во Битола има 6.304 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 8 случаи.

На инфективното одделение во Битола бројот на пациенти кои се лекуваат во Ковид центарот во Битола е 3 пациенти.

Пријавени се две починати лица од Скопје.

Вчера не беа правени ковид-19 тестови во ЦЈЗ Битола и “Плодност“.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273.

 
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
 
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
 
Скопје 68643, Активни 102
Куманово 8878, Активни 34
Прилеп 8326, Активни 24
Тетово 7241, Активни 23
 
More from ВестиMore posts in Вести »