Во месец мај во месната заедница “Димитар Влахов” во населба Баир во Битола формиран е ТИМ ЗА ПОДДРШКА (BST-BAIR support team) од тројца наши сограѓани кои секојдневно ќе бидат на услуга на граѓаните од оваа населба, обезбедувајќи советодавни услуги и поддршка за полесно решавање на проблемите кои ги има ромското население што живее во населба Баир.
Секој работен ден од 9 до до 17 часот, граѓаните од населба Баир ќе можат да ја посетат месната заедница и да се информираат за сите видови на услуги и поддршка кои можат да ги добијат.
ШТО ОПФАЌА РАБОТАТА НА ТИМОТ ЗА ПООДРШКА (BST-BAIR support team)
-Тимот за поддршка претставувавa линк помеѓу граѓаните од оваа населба и релевантините институции на локално ниво
-Тимот ќе ги евидентира барањата на граѓаните кои ќе им се обраќаат и ќе ги контактира релевантните инситуции со цел да се добие адекватен одговор или решение
-Тимот ќе биде во комуникација со подносителите на барањата и ќе ги известува за статусот на нивните барања
КАКОВ ТИП НА ПРОБЛЕМИ МОЖЕ ДА БИДАТ ПРЕДМЕТ НА БАРАЊЕ до ТИМОТ ЗА ПОДДРШКА
Сите барања кои адресираат проблеми со чие решавање се подобрува животниот стандард на ромското население во оваа насеба во следните области:
-Комунална хигиена
-Водовод и канализација
-Урбанизација ( легализацијана објекти)
-Здравство
-Образование
-Економија
OСТАНАТИ УСЛУГИ
Една од достапните услуги е и можноста за евидентирање на барања за проверка на статус за легализација на објекти.
Сите граѓани од населба Баир кои се во процес на легализација на објекти во оваа населба, односно имаат поднесено барање до надлежните институции, а сеуште немаат добиено официјален одговор, можат да се обратат во канцеларијата на ТИМОТ ЗА ПОДДРШКА (BST-support team) со цел да се провери статусот на нивните барања за легализација.
ШТО Е ПОТРЕБНО ДА ИМАТЕ ДОКОЛКУ САКАТЕ ДА ГО ПРОВЕРИТЕ СТАТУСОТ НА ВАШЕТО БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА
-Број на поднесок издаден од надлежната инстутуција каде е поднесено барањето
-Име, презиме адреса и матичен број на подносителот/ката на барањето
Напомена:
Евидентирањето на барањата за проверка на статус за легализација на објекти важи исклучиво за барања кои се веќе поднесени до надлежните институции. Нови барања за легализација на објекти не се прифаќаат.
Активностите поврзани со (BST-BAIR support team) се дел од проектот “БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите” финансиран од Европска Унија.






