Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: опожарен “мерцедес“ на “Цар Самоил“ и каснување од куче скитник

На 24.08.2021 во СВР Битола било пријавено дека  на ул.„Цар Самоил”, во близина на „Дрвен пазар” во Битола настанал пожар во патничко моторно возило во движење „мерцедес” со битолски регистарски ознаки, сопственост на Д.С. (44) од с. Обедник, демирхисарско. Во пожарот возилото изгорело, а повредени лица нема.  
 
На 25.08.2021 во СВР Битола, С.Ѓ. (50) од село Нижеполе, битолско, пријавил дека на улица „Цане Василев“ во Битола бил каснат од куче скитник. 
More from ВестиMore posts in Вести »