Press "Enter" to skip to content

Во ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ на 1 септември ќе започне инклузивното образование

Од 1 Септември во образовниот систем на територијата на Општина Битола, ќе биде обезбедена поддршка на учениците со попреченост, вклучени во редовната настава. Поддршката ќе биде обезбедена од специјални едукатори и рехабилитатори од Центарот за поддршка на учењето при ООУ „Ѓорѓи Сугарев“- Битола, кој веќе склучи тригодишни договори за соработка со сите основни училишта од Општина Битола.

Соработката ќе се одвива во давање поддршка на три нивоа во целокупниот образовен процес преку: директна поддршка на учениците и нивните родители/старатели, поддршка на воспитно образовниот кадар, стручниот кадар и инклузивниот тим на училиштето, како и поддршка на пошироката општествена заедница.

Исто така од септември ќе се спроведе ново системско решение – „образовна асистенција“ за градење инклузивна клима во училницата, која подразбира еднакво право на образование за секое дете. За таа цел за прв пат од страна на државата ќе бидат ангажирани образовни асистенти што ќе обезбедат поддршка за учениците со попреченост вклучени во редовна настава. Образовните асистенти за основните училишта за територијата на Општина Битола ќе бидат обезбедени преку ОУ со Ресурсен центар „Кочо Рацин“-Битола.

Ова е нов почеток на користење на сите ресурси на Центрите за поддршка и Ресурсните центри, со нивно ставање на располагање на сите нивни капацитети и квалитети на специјалните едукатори и рехабилитатори, а сето тоа во интерес на децата. На тој начин ќе се подигне инклузивноста на образовниот систем и ќе се обезбедат еднакви образовни можности за сите ученици.

More from ВестиMore posts in Вести »