Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 6.006 тестирањe, а регистрирани се 906 нови случаи на КОВИД-19, од кои во Битола се 19.
Регистрирани се 343 оздравени пациенти.
Бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центарот во Битола е 31, а имаше 58 прегледи во амбулантата на инфективното одделение.
Во последните 24 часа нема починат пациент во Битола, а пријавени се 26 починати пациенти.
Досега во земјава направени се 1.164.177 тестови.