Во последните 24 часа се направени 5.724 тестирањe, а регистрирани се 760 нови случаи на КОВИД-19, од кои од Битола се 9.
Регистрирани сe 644 оздравени пациенти од кои од Битола се 12.
Бројот на хоспитализирани лица на инфективното одделение во Битола е 35, а во амбулантата на инфективното прегледани биле 51 пациент.
До сега во Битола има 6.730 лица кои биле или се позитивни на ковод-19, а активни се 269 случаи.
Пријавени се 23 починати лица, нема од Битола.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 69 и преку “Плодност“ 34 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.