Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19, во Битола се 5.
Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од Битола се 12.
До сега во Битола има 6.828 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 274 случаи.
На инфективното одделение во Битола денес има 17 пациенти, 9 испишани пациенти и само 1 ново примен. Бројот на прегледи во амбулантата е 35.
Пријавени е 31 починато лице, едно починато лице од Битола на 81 годишна возраст.
Направени се преку ЦЈЗ Битола 32 и преку “Плодност“ 40 ковид тестови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.