Едно од култните места за битолчанни, чешмата кај Офицерскиот дом, повторно е достапна за жителите на Битола и случајните минувачи. Претставници од Ротари клубот од Битола, денес свечено и го предадоа клучот од чешмата на градоначалничката Наташа Петровска, со што и официјално, по санацијата, чешмата останува да биде белег за овој дел на градот.Со претходно потпишан договор помеѓу Општина Битола и Ротари клуб Битола, започна комлетната санација на чешмата кај Офицерскиот дом, со средства донирани од Ротари клубот Битола. На санацијата и претходеше изработка на основен проект, по кој е издадено конзерваторско одобрение од Управата за заштита на културно наследство, согласно одлуката донесена од страна на Советот на Општина Битола.
Старата, но сега комплетно санирана, чешма кај Офицерски останува еден од белезите на Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)