Во техничкиот двор на ЈП „Комуналец“ пристигнаа двете возила за машинско метење на јавни прометни површини, на електричен погон. Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски извршија теренски увид при пристигнувањата на возилата, како дел од проектот „За почиста Битола!“. Од страна на стручниот тим, беше објаснет процесот, начинот на делување и програмата по која во наредниот период ќе започнат со работа двете возила.
Со дополнувањето на возниот парк со новите две електрични возила за машинско метење на улиците, како и со неодамна набавеното ново возило за машинско водено метење и миење на улиците со зафатнина од 5,5 метри кубни, во голема мерка ќе се даде придонес кон грижата и заштитата на животната средина и степенот на одржување на јавната чистота во градот, како една од најважните заложби, реализирани во програмата на градоначалничката Петровска.

ЈП “Комуналец“ од Битола набави две возила за метење на електричен погон
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





