Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на денешната агенда имаше средба со почесните конзули од Битола, по што изјави:
-Битола, градот центар, крстопат каде се спојувале ориентот и западот, се создавала уникатната мода преку симбиозата на ала турка и ала франга традициите, град каде погледите зајдуваат, град со илјадници приказни – мора да воскресне! На средбата со дел од почесните битолски конзули бевме едногласни: нашата Битола европското присуство и перспектива ќе го обезбеди преку соработка, лобирање, размена на добри практики и искуства. Економијата, културата и образованието се подрачја кои треба да го постават темелот на новата европска и развиена Битола.

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола, на средба со дел од почесните конзули
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





