Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски, заедно со пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска и носителот на советничката листа на СДСМ, Д-р Александар Димовски, оствари средба со деканот проф. д-р Стојанче Нусев и со професори од Техничкиот факултет Битола, а по завршување на посетата и разговорите изјави:
-Само силна соработка помеѓу локалната самоуправа, бизнис секторот, битолскиот универзитет и централната власт може да го обнови брендот на Битола како универзитетски град! За ова прашање, не само што ќе бидам отворен за соработка, туку и силно ќе лобирам во правец на ставање на овој линк во функција на развој на градот. Разговаравме и за потребата од унапредување на образовните програми во функција на продукција на кадри соодветни на побарувачката на пазарот на трудот, развивање на програми за практиканство за студентите во локалната самоуправа, но и насочување на практиканти кон оние сектори во стопанството каде тие кадри се најпотребни.

Христо Кондовски, кандидат за градоначалник од СДСМ на средба со професори од Техничкиот факултет Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





