Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата денес имаше средба со здружението на пензионери на Битола, а по средбата изјави:
-Денес се сретнавме со Здружението на пензионери и она што е вистински предизвик е нивниот ентузијазам, подготвеноста да си помогнат меѓу себе и енергијата која ја вложуваат подготвени со идеи и ангажман за вистински квалитетен живот на оваа група граѓани. Прашањата за зголемување на капацитетите за згрижување на оваа категорија наши сограѓани и социјално покровителство – патронажа, кое ќе им доставува услуги на возрасните лица во нивните домови, субвенционирањето за институционално сместување и поддршка во креирањето и организирањето културно – забавни настани преку отворање клубови по урбаните и месни заедници се точки од кои ќе тргне новата локална самоуправа во обезбедувањето поквалитетен и подостоинствен живот за пензионерите.

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ на средба со пензионерите
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





