Во просториите на општинската изборна комисија за Битола, во салата на поранешна народна одбрана, шесте кандидатите за градоначалник на Општина Битола на пладне го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер локални избори.
Со овој кодекс, кој го потпишаа Горан Милевски, Тони Коњановски, Христо Кондовски, Горан Тасковски, Јорго Огненовски и Зоран Лазаревски, се обврзаа дека во текот на предизборната кампања ќе ги почитуват правилата за фер и демократски избори.
По потписот, Христо Кондовски, ја повтори иницијативата, која ја даде на првата негова прес конференција како кандидата за градоначалник, и ги повика сите да испијат кафе, а тоа го сторија во “Епинал“. Поканата не ја прифати само Јорго Огненовски.

Шесте кандидати за градоначалник на Битола потпишаа кодекс за изборите и испија кафе во “Епинал“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





