Учиме да цртаме заедно Во Битола, во месноста Баир, започна со работа бесплатна школа за цртање, која ја води академската сликарка и педагог, Анкица Стевановска. Идејата произлезе од проектот BAIR – Bitola’s joint Action for the Inclusion of Roma на “ПРЕДА Плус фондацијата“.
-Изненадени сме од интересот на децата. Планиравме 10-тина деца, имаме повеќе од 30. Родителите ги носат и раскажуваат како децата убаво го минуваат времето. Среќни се кога си ги враќаат дома. Тоа е многу важно. Во моментот имаме часови по цртање, а следуваат и часови по сликање. Имаме и многу дружење на часовите, разговараме, додека цртаме слушаме и музика, истакна Стевановска.
Целта на проектот е да се интегрираат децата од македонска и ромска националност кои живеат во населба Баир во една заедничка активност преку која ќе се промовира креативноста, културата и заедничкиот живот во населбата.
По завршувањето на школата ќе биде организирана изложба на дела кои се создадени од учесниците на оваа работилница.
Школата за сликање е наменета за децa од 10 до 14 години во организација на Преда плус фондација Школата ќе трае до крајот на месец oктомври и ќе заврши со изложба во месец ноември на тема “Животот на Баир.” Школата се реализира како дел од настаните за промоција на ромска култура во склоп на проектот Баир- Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, финасиран од Европска Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

Бесплатна школа за цртање во рамките на проектот “BAIR – Bitola’s joint Action for the Inclusion of Roma“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Во Битола сончево, температурата до 22 степени
- Еурофарм Пелистер 2 убедлив против Тиквеш во Битола и нов чекор кон плеј-офот (фотогалерија)





