Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и студено, температурата до 3 степени

Денес, среда, 19 јануар, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата во Битола до 3 степени.

Утре, четврток, 20 јануар, во Битола, времето ќе биде сончево со мала локална облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта кон петок ќе има локални врнежи од снег кои понекаде на пониските места ќе започнуваат како краткотраен дожд. Температурата во Битола до 0 степени.