Press "Enter" to skip to content

“И јас сум ART“ – перформанс на талентирани деца со попречености (фото)

Лицата со попречености (даунов синдром, аутизам, лица со оштетен слух и говор и други попречености во развојот (од Заводот „Кочо Рацин“ Битола) имаат право и потреба од социјализација, еднаквост и нормално функционирање во секојдневието, нивни психо-физички, емоционален и духовен развој како и сите останати граѓани во нашата општествена заедница.

Преку реализација на овој перформанс „И јас сум арт“ тие имаа можност да ги презентираат своите таленти во областа на уметноста, музиката, танцот и културата, кои потпомогнаа за нивен психо-физички, емоционален и духовен развој.

Дел од овој перформанс се и членовите на Анастасија Центар, талентирани деца и млади во областа на танцот. Анастасија Центар (Центар за изведувачка уметност, мода, музика и танц, Широк Сокак 61, Битола), е местото каде што се изведуваа редовни средби, часови, вежби, имплементација и реализација на едукативно – образовна програма за лица со попреченост и пречки во развојот во областа на уметноста и културата.

Целта е пренесување на идејата и мислата за еднаквоста на лицата со попреченост во нашето општество. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

More from КултураMore posts in Култура »