Press "Enter" to skip to content

Џез фактори фестивалот партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“

Интернационалниот Џез Фабрика Фестивал (JFF) кој традиционално се одржува секоја година во Битола, е партнер во новиот проект „Jazz Network – France/Balkans“, кој започна кон крајот на 2021 година, каде уште се француските градови Дижон и Равоар и неколку градови на Балканот: Битола, Ниш, Фиер, Подгорица. Исто така дел од проектот, се реномирани џез-организации: Media-Music, La Dynamo, Occijazz, réseau Jazz en Occitanie, Couleurs Jazz Media (Франција), Syri Blu (Албанија), Jazz Festival во Србија, Jazz Factory Фестивал-Македонија и Jazz Art (Црна Гора).

-Тоа се одлични вести за целокупниот тим на (JFF) кој напорно работеше во текот на изминатите години. Целта на проектот е преку џез музика да се изградат мостови меѓу Франција и балканските земји Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија. Балканските џез музичари сакаат да ги прошират контактите со нивните француски колеги за да изградат одржлива мрежа што ќе овозможи размена на уметници, младинско вклучување и заеднички активности, ни изјави директорот на Џез фактори фестивалот, Сашо Поповски и додаде:

-Проектот ќе придонесе за зајакнување на културните врски и соработка меѓу градовите и џез-организациите за подобрување на фестивалите и музичките сезони во овие земји. Се надеваме на успешна соработка и проширување и зајакнување на културните и џез врските помеѓу балканскиот регион и Франција.

Мрежата е наменета за поттик и соработка на музичари од петте држави преку директна соработка на артистите, формирање на интернационални состави, развој на џез сцената преку радио емисии, подкасти, пишани и електронски медиуми, развој на културната соработка и размена преку општинските одделенија за култура на градовите учесници каде се формираат одржливи услови за развој на сцената.

Првите состаноци на проектните партнери се одржаа во Дижон и Шамбери од 23 до 25 февруари 2022 година. Претставници од мрежата ќе бидат гости на ЏФФ. Битола од 7 до 9 јули 2022.

Проектот е финансиран од Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Национална комисија за децентрализација и соработка на Франција, Генерален директорат за глобализација на културата, образованието и меѓународен развој, Делегација за надворешна акција на територијални колективи. Овој фестивал веќе е дел од програмата на МОСТ – Унгарија во друштво на 10 фестивали од Европа и 9 фестивали од Балканот.

Исто тка Џез Фабрика Фестивал е член и на ЕФФЕ (Европската Асоцијација на Фестивали) која за периодот од 2019 – 2020 им го додели нивниот амблем  (Remarcable Arts Festival), како и на балканска асоцијација на џез фестивали меѓу кои: Кикинда Џез и Блуз Фестивал – Р. Србија, Петровац Џез Фестивал – Црна Гора, Џез Фортнајт Фестивал – Скопје, Рочела Џез Фестивал – Италија, Силе Џез Фестивал – Италија.

Џез фактори фестивалот оваа година ќе се одржи во периодот од 7 до 9 ти јули и како и секоја година така и оваа ни најавија реномирани имиња од светот на џезот.

Неда Маретиќ

 

More from КултураMore posts in Култура »