-Ќе кажам два збора за Панде како татко, сопруг и родољуб. Да можев да напишам приказна, ќе беше најубавата приказна некогаш раскажана. Приказна за најдобриот татко на целиот свет. Би можел да напишам милион страни, но во нив, само едно би пишувало – колку го сакам и колку ми недоистасува секој ден. Иако многу боли, нема да бидам тажен – кој друг може да каже дека Панде му е татко. Панде беше мојот супер херој, а татковците не без причина се толку силни.Во својата вечна потрага, го бараше скриеното значење на своето постоење. На опсесивен начин се поврзуваше со љубовта кон Виолета, и тагуваше по мајка си Доља и се разбира, гореше во болка од Македонската судбина на изгубените генерации печалбари. Се чудев, како човек може да зборува со толкава страст за Македонија. И непопусто ќе речат: Е убаво Панде ја построил цетата: Јане, Гоце, Дамјан, Никола, Горазд и Ива – Македонци за Македонија. Патриотизмот пак ке биде во мода, вечна му слава и да живее Македонија, со овие зборови на синот на Панде Манојлов, Јане, и во име на неговата мајка Виолета заврши чествување на ликот и делото на Панде Манојлов и Радован П. Цветковски.
На отворањето на ова одбележувањето на Светскиот ден на поезијата, кое се одржа во салата за промоции на НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола, зборуваше доцент д-р Невена Груевска, претседател на МНД Битола, која го потенцира значето на опусот кој ни го оставија овие два значајни писатели од Битолаи членови на Македонското научно друштво од Битола, авторот Панде Манојлов и авторот Радован П. Цветковски, кои починаа измината година.
На почетокот на чествувањето одржаа поздравни говори д-р Весна Калпаковска, претседател на Пелагонските културно-научни средби и Елизабета Јончиќ, претседател на Битолски книжевен круг.
Пригодно обраќање за Панде Манојлов напиша Ѓорѓи Лазаревски, пригодно обраќање за Панде Манојлов напиша и го прочита проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, со многу емиции кои не ги криеше, зборувајќи за делото кое го остави Манојлов, како и за неговата биографија.
Рецитал изведоа студентите од Педагошки факултет од Битола Христијан Тунески, Николина Ѓуровска, Ивана Петровска, Јасна Талевска, Дијана Нешковска и Димитра Десановска, а рецитираа песни посветени на двата писатели.
На чествувањето се обратија вонр. проф. д-р Гордана Стојановска, Добре Тодоровски, вонр. проф. д-р Силвана Нешковска и проф. д-р Златко Жоглев.
На крајот кратки обраќања имаа претставници од семејствата на Панде Манојлов и Радован П. Цветковски.
Текст и фото: С.Ристевски