Денес во просториите на Библиотеката се одржа Регионалната средба на хортикултурни библиотеки во организација на НУУБ “Св. Климент Охридски“-Битола
Библиотеките од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и за прв пат од Црна Гора, денеска и утре ќе имаат прилика да разменат искуства, како и да осмислат понатамошни активности кои ќе ги унапредат програмите на библиотеките и ќе овозможат ширење на хортикултурната библиотечна мрежа.
Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола од 2017 година активно учествува во промоцијата на хортикултурни библиотеки и со задоволство ја прифати поканата на иницијаторот Мирко С. Марковиќ, библиотекар советник и управител на регионалната мрежа, за организација на Регионалниот собир на хортикултурни библиотеки.
Битола е град во непосредна близина на Националниот парк Пелистер, така што има голем потенцијал за развој на нови хортикултурни содржини во библиотечната дејност.
Библиотеките во нашата држава со својата местоположба можат да го развиваат овој нов библиотечен концепт и да им ги понудат новите содржини на своите корисници.

Библиотеката од Битола домаќин на Регионалната средба на хортикултурни библиотеки
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физички напад во угостителски објект, малолетничко насилство, 18 годишник возел без возачка, физички напад
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба



